Кристијано Роналдо сакал да признае или не, веќе е во залезот на кариерата и очекувано е неговите перформанси да опаѓаат. Иако тој е крајно борбен и има желба, некогаш телото едноставно не го слуша.
Во осминафиналето на Европското првенство Португалецот имаше среќа, бидејќи откако промаши пенал во продолженијата, неговата репрезентација во пенал рулетот ја совлада Словенија (3-0). На овој голем турнир Роналдо не игра како што навивачите се навикнати да го гледаат.
Два статистички параметри најдобро го покажуваат тоа. Кристијано Роналдо се обидуваше и се обидуваше, одигра вкупно 366 минути против Чешка, Турција, Грузија и Словенија, а уште нема гол од игра. Португалецот имаше дури 20 шута кон противничките голови, а ниту еднаш не погодил. Од 1980 година само четири фудбалери имале послаб учинок: Деко (24 удари, 2004), Фернандо Хиеро (23, 1996), Кевин Де Брујне во 2016 и Дани Олмо во 2020 кои имаа по 21 обид.
Исто така, Роналдо против Словенија се обиде да даде гол од четири слободни удари и не успеа. Од вкупно 60 обиди на големите натпреварувања од слободен тој има само еден погодок.