„Дејли Мејл“ тврди дека наскоро на адреса на Абердин ќе пристигнат понуди од Саутемптон и Џенова за Бојан Миовски, овие два клуба и претходно се поврзуваа со македонскиот напаѓач.
Бојан Миовски ја почна сезоната во најдобрата шкотска лига и одигра одличен меч за Абердин и покрај тоа што чека трансфер во овој преоден рок.
Македонецот се поврзуваше со неколку клубови, но досега конкретен беше само Еспањол кој понуди 3 милиони фунти кои беа експресно одбиени од Абердин.
Шкотскиот клуб сака 6,5 милиони фунти за Миовски, а според медиумите на островото, во моментов Саутемптон и Џенова се најзагреани и во наредните денови нивниот интерес треба да го покажат со конкретна акција.
Не се исклучува можноста ниту за трансфер во Болоња иако шпекулациите за заминување во овој клуб стивнаа.