Кристијан Трапановски и Давид Бабунски имаат одличен старт на кариерата во Данди јунајтед, денеска и двајцата беа стрелци за нивниот тим во гостински триумф од 5-2 над Баки Тистл во Лига Купот на Шкотска.
Трапановски го отвори натпреварот со гол во 19. минута за водство од 1-0. Тој погоди и по осум минути игра во вториот дел, тој гол беше за предност од 3-1 за Данди јунајтед.
Во 61. минута Давид Бабунски реализираше за 4-1.
Конечниот резултат на мечот беше 5-2.
Трапановски досега има три официјални голови за Данди јунајтед, Бабунски два. Македонците се вистински хит меѓу навивачите на клубот.
Денеска играше и Миовски, нашиот напаѓач влезе во второто полувреме, не даде гол, но во првиот дел Абердин губеше со 1-0 од Аирдрионинас, а по неговото влегување се случи пресвртот и победа од 2-1.
Ова беше негов прв меч оваа сезона.