131
Голманот Дамјан Шишковски и фудбалерот Дарко Чурлинов ќе ја претставуваат Македонија во групната фаза од Конференциската лига.
Шишковски со својот Борац Бања Лука се пресели во Конференциската лига откако во плеј-офот за Лигата на Европа на пенали вечерва беа елиминирани од унгарски Ференцварош. Натпреварот македонскиот чувар на мрежата го помина на клупата за резерви.
Чурлинов во Конференциската лига доаѓа по елиминација на неговата Јагелонија која беше неомоќна против Ајкас кој ги елиминираше со вкупни 7-1.