187
Братот на славниот српски фудбалер Немања Гудељ, Драгиша, реши да ја заврши кариерата иако има само 26 години.
Драгиша Гудељ не сака да го ризикува својот живот, бидејќи веќе двапати во 2023 година имаше срцев удар додека беше на теренот. Во март лани тој беше клинички мртов на натпревар за својот тим Кордоба во втората шпанска лига, но потоа лекарите успеаја да го спасат. Покрај тоа, уште еднаш во декември му се случи слична ситуација.
Кариерата на Гудељ одеше преку младиот тим на Ајакс до Вохлен во Швајцарија, беше дел од Б тимовите на Виториа Гимараеш и Кадиз, а од 2022 година досега беше член на шпанска Кордоба.
Сега со емотивно видео и во солзи Драгиша Гудељ објави крај на фудбалската кариера.