174
Дарко Чурлинов е пред заминување од Барнли, но на позајмица во редовите на полска Јагиелонија.
Македонскиот репрезентативец не беше дел од првиот тим на Барнли минатата сезона и не добиваше шанса во Премиер лигата под водство на Винсент Компани, а втората полусезона ја мина на позајмица во Шалке 04.
Откако се врати, повторно се поврзува со заминување. Според информациите од Полска, сериозно заинтересирани да го доведат во своите редови се челниците на Јагиелонија, моменталниот лидер во првенството.
Имено, Јагиелонија веќе се договорила со Чурлинов за условите, но треба да постигне договор со Барнли за формата на трансферот. Се споменува дека повторно ќе станува збор за позајмица.