330
Фудбалерите на Уругвај силно тргнаа во подготовките за претстојната Копа Америка. Оваа селекција со убедливи 0-4 го совлада Мексико, а ѕвезда на вечерта беше Дарвин Нуњез.
Напаѓачот на Ливерпул беше „алфа и омега“ на теренот за Уругвајците, бидејќи со хет-трик ја обезбеди победата на својот тим. Нуњез го отвори резултатот во седмата минута од средбата, а погодуваше и во 44. и на стартот на второто полувреме во 49. минута.
Освен Дарвин Нуњез меѓу стрелците се запиша и Факундо Пелистри во првиот дел. Натпреварот во Денвер мина без било каква неизвесност. Мексиканците беа вон ритам, додека Уругвај покажа завидна форма пред стартот на континенталниот собир во Јужна Америка.