Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска Каспер Хјумланд поднел оставка од функцијата, потврди данскиот фудбалски сојуз.
Хјумланд ја предводеше Данска до полуфиналето на Европското првенство 2020 година и до осминафиналето на првенството во Германија, додека на последниот Мундијал во 2022 година беа елиминирани во групната фаза.
На последните два големи турнири Светското првенство во 2020 и Европското првенство во 2024 година Данска одигра седум натпревари без победа и постигна само три гола.
„На репрезентацијата потребна и е нова енергија. Беше голема чест и привилегија да се биде тренер на Данска во изминатите четири години. Дадов се од себе да оствариме успех. Претставувањето на својата земја е апсолутно најголемата работа која можете да ја замислите, но сега не се работи за мене, се работи за тоа што е најдобро за тимот“, изјави Хјумланд.
Привремен селектор до 2025 година ќе биде Мортен Вегхорст. Пред доаѓањето на кормилото на Данска Хјумланд ги водеше Нортсјеланд, Мајнци Лингби.