416
Баерн Минхен има интересна идеја за летниот трансфер рок. Засилување за офанзивата на германскиот гигант би можел да биде Дани Олмо од РБ Лајпциг.
Шпанскиот фудбалер кој покрива повеќе позиции во нападот и на средината од теренот е една од главните мети на баварците за ова лето. Тоа нема да биде ниту скапа операција, бидејќи Олмо за ова лето има откупна клаузула од „само“ 60 милиони евра.
Инаку, за Олмо се интересира и неговиот поранешен клуб Барселона, а во кариерата мина пет години и во Динамо Загреб каде што се промовира на големата сцена.
Зад себе Дани Олмо има проблематична сезона со повреди и 25 настапи на кои даде осум гола и запиша пет асистенции.