Дали Тухел со оваа изјава најави голем пресврт?

by Стефан
2 минути читање

Toмас Тухел би можел да остане на клупата на Баерн, иако двете страни веќе се договорија за раскин на соработката на крајот од сезоната.

Откако не успеа Баерн да го убеди Ралф Рагник, а пред тоа ниту Јулијан Нагелсман опциите се намалија кога во прашање е нивниот нов тренер. Сега како изненадување во јавноста одекна последната изјава на Томас Тухел.

Тухел уште еднаш потврди дека има договор за заминување на крајот од сезоната, но и најави дека тоа би можело и да се промени.

„Договорен е раскин на соработката. Тоа е факт. Но, како што знаете секој пакт може да се поништи со заеднички договор. Во тие моменти така размислувавме и се согласивме да се разделиме, но се е можно“, изјави Тухел.

На прашањето за бројните тренери кои се најавуваа како негов наследници, Тухел не сакаше премногу да навлегува во таа тема, но стави до знаење дека баварскиот гигант не ја изгубил привлечноста и дека многу тренери сакаат да го водат.

Ќе потсетиме, Тухел во Баерн стигна во март минатата година откако беше сменет Јулијан Нагелсман. На 57 натпревари на клупата на Баерн дојде до просек од 2.04 бодови по натпревар.

Баерн наредната среда го очекува реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Првиот натпревар во Минхен заврши без победник 2:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани