Дали сте чуле за „Бејби Шева“? 12-годишник од Милан има 791 гол во три сезони

by 24 фудбал
1 минути читање

Постојат многу талентирани дечиња во светот на фудбалот, а дел од нив се истакнуваат во младинските категории. Една таква приказна доаѓа од Италија, поточно од Милан.

Станува збор за момче кое има 12 години и со италијанско-украинско потекло. Андреа Костјук е вистинскиот „дијамант“ во школата на тимот од Милано. Неговите бројки се навистина неверојатни и веќе сега го има прекарот „Бејби Шева“ бидејќи игра за Милан и има украинско презиме. Останува да видиме дали неспорниот талент ќе се избруси во нешто големо за иднината.

Во последните три сезони ова младо момче има неверојатни 791 погодок. Во сезоната 2021/22 дал 265, во следната 295, а оваа му е „најслаба“ со 231 погодок на своето конто. Неверојатно, нема што…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани