85
Eрик Тен Хаг денеска доби отказ на позицијата тренер во Манчестер Јунајтед и сега главното прашање во Англија е кој ќе биде неговиот наследник.
Руд Ван Нистерлој кој беше помошник на Тен Хаг привремено ќе го води тимот, а во јавноста како опции се споменуваа Томас Франк, Рубен Аморим, Един Терзиќ и Чави Ернандез.
Но, големо внимание привлече објавата на сопругата на Чави на социјалните мрежи и ако судиме според истата, Чави е најблиску до клупата на „црвените ѓаволи“.
Имено, таа вчера на социјалните мрежи објави фотографија од Чави и неговиот син на која тој е во дресот на Манчестер Јунајтед.
Дали станува збор за случајност или ова е некаква најава останува да видиме во наредните денови.