Дали ова е тајната на Шпанија? Погледнете што користат во тренинг центарот (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Откако рано се пласираа во осминафиналето како победници во групата „Б“ Шпанците на Инстаграм објавија снимки и фотографии со кои даваат увид во програмата за опоравување надвор од теренот.

Трикратниот европски шампион во својот камп користи современи методи за на своите ѕвезди да им ги овозможи најдобрите услови.

Крилниот напаѓач Нико Вилијамс кој блескаше против Италија беше подлегнат на хибербарична терпаија со кислород веднаш по тој дуел. Фудбалерите со оваа терпија добиваа 100% кислород во траење од 45 минути и тоа е наменето за мускулите да се опорават по физичкиот напор.

Слична функција има и таканаречена кирогена комора во која фудбалерите се изложуваат на температури и до -170 степени за адекватно да се опорават.

Дел од шпанскиот програм за регенерација е и инфрацрвена терпаија која помага за циркулација на крвта и кислородот.

„Се чувсатвувам како нов по третманите. Тоа многу ни помага помеѓу интезивните натпревари на Европското првенство“, изјави Вилијамс.

Шпанија вечерва игра против Албанија во рамките од третото коло од групата. Овој натпревар за нив нема посебно резултатско значење бидејќи веќе се во нокаут фазата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани