„Дали е ова мечот на мојата кариера? Вторпат истото, а се надевам ќе ме прашате уште двапати пред да си одам од Германија“

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Швајцарија ќе се судри со Англија во четвртфиналето на Европското првенство. Досега избраниците на Мурат Јакин се покажаа во одлично светло на турнирот, а се надеваат дека ќе продолжат со исто темпо и против фаворитот.

Селекторот на Швајцарците доби прашање дали ова е натпревар на неговата кариера, па интересно одговори.

Дали ова е натпреварот на мојата кариера? Тоа прашање ми беше поставено пред последните два натпревари, се надевам дека ќе победам уште два пати пред да заминам од Германија. Се разбира, ова е посебен натпревар за мене и мојот тим, можеби следниот ќе да биде уште повеќе… Не знам што ни подготвува Англија, но гледам дека мојот тим е во добра форма и полн со самодоверба“, рече Јакин.

Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија се игра на „Меркур Шпиел Арената“ во Дизелдорф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани