Далиќ со последната изјави ги налути Англичаните – „Гардијан“ му одговори!

by Стефан
1 минути читање

Во Хамбург од 15:00 часот денеска Хрватска ќе го игра натпреварот против Албанија кој ќе биде прв од второто коло во групната фаза на Европското првенство.

Пред овој натпревар селекторот Златко Далиќ се пожали дека неговата репрезентација не е доволно почитувана, а за споредба ја посочи селекцијата на Англија.

„Покрај Франција не знам која друга репрезентација прави добри резултати во континуитет. Хрватска заслужува поголема почит и тоа секогаш го велам. Англија има еден медал во 58 години и тие се златни, но ние сме храбри и боребни, доказ се нашите навивачи во Берлин“, изјави Далиќ,

На оваа изјава на хрватскиот селектор стигна одговор од реномираниот „Гардијан“ кој му порача дека Англија покрај титулата светски шампион во 1966 година има уште и сребро од последното Европско првенство и брзона од Лигата на Нации во 2019 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани