Фудбалерите на Хрватска на „генералката“ пред Европското првенство ќе се судрат со селекцијата на Португалија. „Коцкестите“ по триумфот над Македонија (3-0) отпатуваа на гостувањето кај Португалците.
Селекторот Златко Далиќ го најави следниот пријателски натпревар, а за него смета дека е клучен поради тоа што на стартот на турнирот во Германија играат против Шпанците.
„Натпреварот со Португалија е вистински тест за нас. Тие се еден од фаворитите за освојување на Европското првенство. Ќе дадам шанса на 16 фудбалери и потоа ќе видиме што треба да се поправи. Никогаш не сме ги победиле. Дај Боже да се сретнеме со нив во финалето на ЕП… Имаме најтешка група на турнирот, навистина тешки ривали. Прв е натпреварот против Шпанија, па дуелот со Португалците ни е добар тест бидејќи играат сличен фудбал“, изјави Далиќ.
Хрватска ја очекува тешка задача на континенталниот собир бидејќи ќе игра против Шпанија, Хрватска и Албанија.