Давид Тошевски постигна три гола за едно полувреме

by Стефан
1 минути читање

Давид Тошевски одигра одличен натпревар по враќањето во Австрија Клагенфурт откако претходно беше позајмен во Хрватска.

Тошевски играше на позајмица во Хрватска, но сега се врати и имаше добар настап во подготвителниот натпревар против Трајбах. Неговиот тим славеше убедлива победа од 10:0, а тој беше стрелец на три погодоци.

Македонскиот напаѓач сите три гола ги постигна во првото полувреме и тоа во 14. 17. и 34. минута.

На полувремето Тошевски беше заменет заедно со уште осум фудбалери. Најавите засега се дека во наредната сезона Тошевски ќе остане во австрискиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани