Гуидо Родригез сепак ќе заврши во Премиерлигата!?

by riste
1 минути читање

Аргентинскиот репрезентативец, Гуидо Родригез како слободен играч најверојатно ќе се пресели во Вест Хем.

Тој заминува од Бетис откако му истече договорот со овој клуб и одби да го продолжи. Барселона се интересираше за него, но договорот пропадна откако Чави си замина од таму.

Родригез се поврзуваше со Фенербахче и уште неколку други клубови, а последните информации велат дека тој ќе заврши во Вест Хем.

Вест Хем е во напредни преговори со Гуидо Родригез, тој сака трансфер во лондонскиот клуб и многу е веројатно дека тоа ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани