153
Фудбалерите на Грузија испишаа историја и на своето прво Европско првенство играше осминафинале, но загуби од Шпанија и беше елиминирана.
И покрај тоа, ова е огромен успех за грузискиот фудбал. Поради тоа фудбалерите беа поздравени од навивачите и силно поддржани за време на турнирот, но и по враќањето дома.
На улиците во Тбилиси излезе река народ да ги дочека репрезентативците на Грузија како национални херои. Тие се возеа на отворен автобус и имаа вечер која нема да ја заборават.
🇬🇪🔥 El gran recibimiento a la selección de Georgia tras su histórica participación en la UEFA Euro 2024:pic.twitter.com/vVqq0AOP3J
— Samuel Vargas (@SVargasOK) July 2, 2024