Грузија не прескокна: Македонија со пад од една позиција на ФИФА ранг листата

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа се наоѓа на 72. позиција и тоа е пад за една позиција во однос на претходното рангирање.

Пред нас сега е репрезентацијата на Грузија која по нејзиниот историски настап на Европското првенство и пласманот во осминафиналето не прескокна.

Голем скок со освоената европска круна забележа Шпанија која сега е третопласирана, а претходно беше осма, па така забележа скок од пет позиции. На врвот се репрезентациите на Аргентина и Франција.

Во топ десет се уште: Англија (скок од една позиција), Бразил (пад од една позиција), Белгија, Холанфија, Португалија (пад од две позиции), Колумбија (скок од три места) и Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани