Грилиш и Родри до пет наутро се пијанчеле во грчки ресторан – едвај се вратиле дома! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити синоќа ја завери историската четврта по ред титула во Премиерлигата, а славјето за некои од фудбалерите траело до раните утрински часови.

Џек Грилиш е познат по тоа што со многу алкохол ги прославува трофеите на Манчестер Сити, така било и синоќа. Овојпат до крај со него останал и Родри.

Англиските медиуми пишуваат дека убаво се опуштил и Кевин де Брујне кој обично не важи за фудбалер кој се „налева“ со алкохол на прославите.

Забавата се случувала во грчкиот ресторан Феникс, на неа присуствувале сите фудбалери вклучително и Пеп Гвардиола и останатите од стручниот штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани