Реал Мадрид и Севиља го следат 17-годишниот Арон Мартин кој го носи дресот на Тенерифе.
Младиот фудбалер го споредуваат со ѕвездата на Барселона, Педри. Технички талентираниот тинејџер наскоро би можел од Секунда да се пресели во Ла Лига и тоа во трансфер кој нема силно да одекне финансиски бидејќи може да биде откупен за само два милиони евра.
Сезонава Мартин игра на позиција среден играч за врска и има просек од 56 минути по натпревар. Сезонава одигра само осум лигашки натпревари, постигна еден гол и еднаш асистираше. Како што пренесуваат медиумите се издвојува со одличен преглед на игра и прецизни додавања.
Во случај да се пресели во Мадрид веројатно прво би бил испратен во вториот тим на „кралевите“, а подоцна би добил шанса и во првиот.