178
По блескавите изданија на Европското првенство, голманот на Шпанија, Унаи Симон направи операција на зглобот на десната рака.
Чуварот на мрежата на Атлетик Билбао бил успешно опериран во Мадрид.
„Голманот на црвено-белите го оперираше зглобот на десната рака. На Унаи Симон му беше извршена интервенција во полницата во Мадрид, а со поддршка на медицинскиот тим на клубот се помина во најдобар ред. Унаи ќе биде пуштен еден ден подоцна“, соопшти клубот од Баскија.
Симон бранеше на сите натпревари на Европското првенство каде што Шпанија победи на сите натпревари и дојде до трофејот. Атлетик засега не објави колку време Унаи ќе паузира. Сезоната Билбао ја започнува на 15-ти август против Гетафе.