Го најавуваа како „новиот Меси“, ја наследи и неговата десетка – а сега отпадна од плановите на Флик!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ансу Фати своевремено важеше за еден од најголемите шпански, но и светски таленти. Како младо момче беше најавен како следното големо „чудо“ од Барселона.

Во Каталонија ова момче го гледаа дури и како „новиот Меси“. Фати по заминувањето на аргентинската легенда ја наследи неговата десетка во Барселона, требаше да блесне и да биде негова замена, ама тоа никогаш не се случи.

На 17 години беше проценет на 80 милиони евра, а тогаш следеше страшна повреда на менискусот и лигаментите во коленото. Отсуствуваше Фати повеќе од 300 дена, па тоа си зеде данок.

Никогаш ова младо момче не се врати во истата форма, минатата сезона беше позајмен во Брајтон, а оваа не најде нов клуб. За него постои интерес од неколку клубови надвор од Европа, но веројатно ќе пронајде ангажман и на „стариот континент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани