Mинатото лето Манчестер Јунајтед потроши многу пари на засилувања, но тимот сезонава повторно има резултати под очекувањата.
Прва мета на критики е тренерот Ерик Тен Хаг, но разочараа и одредени фудбалери. Меѓу оние кои не покажуваат настапи какви што се очекуваше е Џошуа Зиркзе.
За неговите услуги Манчестер Јунајтед плати сума од 40 милиони евра на Болоња, а тој во десет натпревари постигна само еден погодок.
Веќе се шпекулира и дека Јувентус кој е предводен од Тијаго Мота сезонава сака да го врати во Италија. Токму под водство на Мота во Болоња, Зиркзе го играше најдобриот фудбал.
Најавите од Островот се дека место Зиркзе, Манчестер Јунајтед сега сака да го доведе Бенџамин Шешко од Лајпциг кој во својот договор со германскиот клуб има клазула од 65 милиони евра.