Го исфрли европскиот првак и загуби по пенали од финалистот на ЕП, па добива нов договор

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија сосема очекувано ќе го задржи селекторот Мурат Јакин на кормилото на националниот тим.

49-годишниот стратег врши одлична работа како селектор, хемијата на тимот е на врвно ниво, а на Европското првенство пак играше четвртфинале. Освен тоа, Швајцарците покажаа неверојатна дисциплина и работна етика, што е доказ за добрата работа на тренерскиот тим. Покрај новиот договор, Јакин ќе добие и премија за одличната работа на првенството на Европа.

Мурат Јакин седна на клупата на репрезентацијата во август 2021 година наследувајќи го Владимир Петковиќ. Со него на клупата репрезентацијата на Швајцарија игра одличен фудбал, а во Германија го елиминира европскиот првак Италија во осминафиналето, губејќи во четвртфиналето по пенали од Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани