Сезоната во клупскиот фудбал полека завршува, па така и се собираат впечатоците и се издвојуваат оние кои направиле нешто посебно, а внимание дефинитивно заслужи словачкиот фудбалер од редовите на Феенорд, Фавид Ханцко.
Станува збор за фудбалер од одбраната, а го привлече вниманието затоа што ги одигра сите 48 натпревари за холандскиот гигант во сите натпреварувања и тоа го прави апсолутен рекорд.
Во овие натпревари тој постигна седум гола и додаде уште три асистенции. Од можни 4.350 минути за Феенорд тој одигра 4.325, односно пропушти само 25 минути кога беше заменет во натпреварот против Зволе.
Во холандскиот шампионат одигра 34 натпревари, уште шест во Лигата на шампионите, две во Лигата на Европа, пет во Купот на Холандија и еден во Суперкупот.