Го загуби финалето, но Колумбиец ја доби „Златната топка“ на Копа Америка

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинците го одбранија тронот во Јужна Америка, па во финалето на Копа Америка со 1-0 ја совладаа Колумбија.

Иако го кренаа трофејот, КОНМЕБОЛ реши наградата за најдобар играч на турнирот да заврши кај Колумбијците. Признанието го понесе Хамес Родригез кој со еден гол и дури шест асистенции го предводеше националниот тим низ првенството.

Наградата за најдобар стрелец, односно „Златната копачка“ ја доби Лаутаро Мартинез. Човекот кој ја донесе победата во финалето имаше вкупно пет гола на Копа Америка, па суверено го понесе признанието.

За најдобар голман пак повторно е одбран Емилиано Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани