Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Мајкл Овен доби прашање за Кристијано Роналдо и неговата иднина. Порутгалската ѕвезда е на залезот на кариерата и иако не се откажува сè уште, реално е дека за некоја година ќе мора да ги закачи копачките на клин.
Овен зборуваше за неговата иднина, тој му предвиде дека во иднина ќе ја води Португалија, ако се реши за тренерска кариера.
„Би бил фасциниран да видам што ќе прави Кристијано Роналдо во пензија. Само гледајќи однадвор, изгледа дека можеби би сакал да биде крај теренот и да ја води Португалија, како што правеше и на ЕУРО 2016. Изгледа како тренер, изгледа како да сака да биде тренер, па можеби ќе тргне по тој пат.
Работа во Португалија, веројатно таму може да го очекуваме неговото име во иднина, никогаш не се знае. Секако, ако биде добар можеби ќе го гледаме и во големи клубови како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед…“, изјави Овен.
Роналдо освен фудбалот е успешен и во бизнисот, неговиот бренд „CR7“ е одлично позициониран во светски рамки, а од неодамна почна да објавува и видеа на платформата Јутуб.