Го гледаа како наследник на Тоти, па бурно прослави гол против Рома и го прогласија за предавник! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Аталанта вчера ја победија Рома со 2-0, а еден од најзапаметените моменти беше бурната прослава на голот од Николо Заниоло. Откако Мартен де Роон ја донесе Аталанта во водство, Заниоло го постигна вториот гол за конечни 2-0.

Сепак, ова не би било толку невообичаено ако не се работеше за некогашниот омилен играч на Рома, лидер на клубот и херој на „волчицата“, кој имаше повеќе од 120 настапи за тимот. Заниоло од омилен играч се претвори во еден од најомразените, што беше потврдено со транспарентот поставен од навивачите на Рома во Рим.

Заниоло предавник, валкан без чест“, беше пораката од навивачите на Рома.

Своевремено навивачите на Рома го гледаа Заниоло како наследникот на Франческо Тоти…

И додека натпреварот траеше, Заниоло беше исвиркуван, што веројатно го испровоцираше да има таква бурна реакција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани