Готово: Хумелс го избрал новиот клуб – пристигнува во Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Искусниот германски дефанзивец, Матс Хумелс како што стојат работите конечно донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Според најавите на италијанските медиуми, Хумелс ќе потпише договор со Рома. Наводно, трансферот е веќе договорен и се најавува дека Хумелс уште вечерва ќе пристигне во Рим.

Трансферот би требало да биде комплетиран во утрешниот ден. Со Рома Хумелс ќе стави потпис на едногодишен договор со плата од 2.5 милиони евра. Во договорот ќе постои и клазула за автоматско продолжување ако Хумелс одигра одреден број натпревари.

Во текот на летото Хумелс се поврзуваше со Болоња и Реал Сосиедад, но на крајот не успеваше да пронајде заеднички јазик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани