24
И по заминувањето на Герардо Мартино, Интер Мајами ќе има аргентински стратег.
Според познатиот аргентински новинар, Цезар Луис Мело клубот од Мајами постигнал договор со Хавиер Маскерано кој ќе седне на клупата на овој тим.
Маскерано во последните три години ја води младата аргентинска репрезентација до 20 години со која во 2023 година беше елиминиран во осминафиналето на Светското првенство, додека на првенството во Јужна Америка беше осми.
На овие две големи натпреварувања забележа четири победи и четири порази. Ако се потврдат најавите во Интер Мајами тој ќе биде тренер на неговите поранешни соиграчи: Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Со клупата на Интер Мајами се поврзуваше и Чави Ернандез.