Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн Минхен конечно ја завршил потрагата по нов тренер.
Според неговите ексклузивни информации, нов тренер на германскиот гигант ќе биде Винсент Комапни. Баерн и Компани се договорија претходно, а се чекаше да се договорат само клубовите околу вистината на оштетата што денес се случило.
Така, Баерн на Барнли кој сезонава испадна во Чемпионшип ќе му исплати сума помеѓу 10 и 12 милиони евра.
Компани со гигантот од Минхен ќе потпише договор до 2027 година и се би требало наскоро да се официјализира.
На клупата на Баерн, Компани ќе го наследи Томас Тухел кој во актуелната сезона не освои ниту еден трофеј и тоа беше пресудно управата да се одлучи за промена.