„Гори“ во Париз: Лутиот Ал Келаифи имал жестока расправија со Мбапе

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе мината седмица нагласи дека заминува од ПСЖ и преку емотивно видео се прости од клубот.

Сепак, во него не го спомена првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи, а според француските медиуми тој му замерил. „Ле Паризиен“ тврди дека Ал Келаифи и Мбапе дури имале и жестока караница в недела пред мечот со Тулуз во клупските простории.

Медиумот верува дека двајцата повеќе не разговараат откако Мбапе го објави видеото на социјалните мрежи и не го спомена.

Иако во Париз го имаше еден од најголемите договори во спортот, меѓутоа се реши за нов предизвик во кариерата, а тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани