101
Њукасл Јунајтед славеше со 1-2 на гостувањето кај Вулверхемпон во четвртатарунда на англискиот елитен шампионат.
Со голот на Марио Лемина „волците“ поведоа во првиот дел и имаа предност до последната третина од средбата. Тогаш на сцена стапија Фабијан Шер и Харви Барнс.
Швајцарскиот дефанзивец во 75. минута изведе мајсторија и од преку 30 метри испрати бомба во спротивниот агол за 1-1. Ефектен гол даде и Харви Барнс само пет минути подоцна, со што го комплетира пресвртот.
По четири одиграни меча Њукасл котира одлично и е на делба на второто место со Арсенал.