64
Македонскиот интернационалец Ердон Даци се најде во центарот на вниманието во Белгија бидејќи постигна голчиште во Втората лига.
26-годишникот даде гол за својот Деинзе против Моленбек и тоа неверојатен. Даци го забележа истрчаниот противнички голман и биеше од центарот на игралиштето. Шутот беше прецизен и заврши во мрежата на ривалот.
Инаку, Ердон Даци е повремен репрезентативец на Македонија, но не беше дел од последните списоци на селекторот Благоја Милевски.