174
Голманот на лондонски Челси, Ѓорѓе Петровиќ е снимен како ужива во стиховите на песната „Црна Коса“ од босанската пејачка, Ханка Палдум.
Петровиќ е голман кој потекнува од школата на Чукарички, но е голем навивач на Партизан, а токму оваа песна со дел од нејзините стихови е популарната помеѓу фановите на црно-белите.
Во претходната сезона Петровиќ за Челси одигра вкупно 31 натпревар во сите натпреварувања и прими 44 гола. На седум средби успеа да ја зачува својата мрежа.