Голманот на Ајакс заспа, прими гол од противничка половина! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Ајакс славеа на гостувањето кај Хераклес со 3-4 (2-2) во деветтото коло на Ередивизија.

Сепак, овој натпревар го одбележа еден потег на домашен фудбалер. Течеше 28. минута, резултатот беше 1-1 и тогаш Марио Енгелс даде погодок кој ќе се памети.

Плејмејкерот на Хераклес забележа дека гостинскиот голман Ремко Пасвер заспа и му шутна од својата половина, па го лобува за ефектен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани