Голманот на Арсенал вчера освои важен трофеј, а за тоа заслуги има тимот на Лутон

by Стефан
2 минути читање

Арсенал води голема борба со Манчестер Сити за титулата шампион на Англија, но дури и во случај „граѓаните“ да ја одбранат титула во Арсенал нема да бидат сите целосно незадоволни.

Имено, Евертон вчера одигра 1:1 против Лутон, а голот кој го постигна Елиах Адебајо за конечни 1:1 во 31. минута е од големо значење за чуварот на мрежата на „топџиите“, Давид Раја.

Токму тој гол на Адебајо беше клучен Давид Раја да биде сигурен добитник на трофејот за најдобар голман во Премиер лигата.

Имено, голманот на Арсенал за престижното признание се бореше со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. Раја сезонава во 12 натпревари успеа да ја сочува својата мрежа недопрена. На исто толку остана и Пикфорд по вчерашниот натпревар.

До крајот на сезоната Раја има да одигра уште три, Пикфорд уште два натпревари, па јасно е дека наградата ќе заврши во рацете на голманот на Арсенал. Доколку во преостанатите натпревари Раја не ја зачува мрежата, а Пикфорд успее двајцата ќе ја добијат наградата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани