129
Напаѓачот на Аталанта и на италијанската репрезентација, Џанлука Скамака ги скина лигаментите и пред него е долга пауза од фудбалските терени.
Големи главоболки за Џанпјеро Гасперини, го загуби Скамака на долг период. Тој нема да игра на Суперкупот против Реал Мадрид, но уште пострашно е што ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната.
Скамака се повреди на пријателскиот натпревар против Парма.
Тој ќе отсуствува од терените најмалку 6/7 месеци.