Конор Галагер се врати во Челси и тренира самостојно откако се појавија проблеми околу неговиот трансфер во Атлетико Мадрид.
Атлетико минатата недела објави фотографија од Галагер на стадионот „Ванда Метрополитано“ со порака дека фудбалерот пристигнал да го заврши трансферот. Медиумите објавија дека целата зделка ќе се заврши за 40 милиони евра.
Меѓутоа Галагер се врати во Челси без договор со Атлетико. Преговорите пропаднале бидејќи Челси и Атлетико не успеала да се договорат околу трансферот на Саму Омордион.
Тренерот на Челси, Енцо Мареска потврди дека Галагер се врати, но тој нема да биде во конкуренција за натпреварот против Манчестер Сити.
„Се обидува да најде решение. Се надеваме дека оваа ситуација ќе се заврши така што фудбалерот, клубот, тренерот и сите други ќе бидат задоволни“, изјави Мареска.
Галагер минатата сезона беше заменик во Челси и беше дел од репрезентацијата на Англија на Европското првенство ова лето.