193
Искусниот македонски напаѓач Александар Трајковски ги започна подготовките за новата сезона со својот Хајдук, меѓутоа се повреди на самиот старт.
31-годишникот тргна под команда на Џенаро Гатузо, ама заработи повреда на мускулите и го пропушти пријателскиот натпревар против Радомље. Трајковски беше подложен на нови медицински испитувања, а докторите утврдија дека го очекува пауза.
Барем три седмици Александар Трајковски нема да може да тренира со соиграчите во Хајдук, па потоа ќе се вратти во тимот.
Ова е голем удар за Трајковски кој сезоната ја заврши во одлична форма и со седум првенствени гола. Сепак, за жал нема да може преку целосни подготовки да се обиде да се наметне под водство на Гатузо.