Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баер Леверкузен одигра 2-2 на свој терен против Холштен Кил, Борусија Дортмунд со 2-1 загуби на гостувањето кај Унион Берлин.
Натпреварот почна одлично за Леверкузен, па никој не ни можеше да замисли како ќе заврши. По само осум минути игра момците на Чаби Алонсо веќе водеа со 2-0 со голови на Бонифејс и Хофман.
Длабоко во судиското продолжение од првото полувреме Гешвил намали на 2-1 и го врати Кил во живот, а во 69. минута Арп реализираше за конечни 2-2.
Борусија Дортмунд со пораз се враќа од Берлин. Унион со голови на Вог и Вертесен уште во првото полувреме водеше со 2-0.
До крајот на мечот Дортмунд успеа само да намали на 2-1 со гол на Рајерсон.
Во другите мечеви во Бундеслигата од овој термин, Волфсбург со 3-1 славеше на гостувањето кај Бохум, а Вердер на домашен терен загуби од Фрајбург со 1-0.