391
Реал Мадрид и математички ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига овој викенд. Поради тоа челниците на Примера планираа да му го врачат трофејот наменет за шампионот пред следниот дуел кој го играат на гости во Гранада.
„Кралевите“ сепак покажаа големи манири и побараа од федерацијата да не го добијат трофејот на оваа средба. Делумно причината за такво нешто е фактот дека сакаат да го прослават на домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа тука е и џентлменскиот потег дека Гранада по тој натпревар може и математички да биде второлигаш.
Поради тоа Реал не сака да слави титула во натпревар против ривал кој истиот ден веројатно ќе добие второлигашки статус за следната сезона.