„Франс Фудбал“ на 28 октомври ќе ги бира најдобрите за минатата сезона. Веќе се познати сите номинирани во повеќето конкуренции.
Освен главната „Златна топка“ кај мажите и жените, ќе се бира најдобар тренер, голман и млад играч.
Во изборот на голманитеима едно големо изненадување, а тоа е голманот Ронвен Вилијамс. Станува збор за 32-годишен чувар на мрежата, репрезентативец на Јужна Африка и голман на Мамелоди Сандаунс. Тој со јужноафриканската репрезентација стигна до бронзата на Африканскиот куп на нации.
Освен Вилијамс во изборот се уште европскиот првак Унаи Симон на репрезентативен и Андреј Луњин на клупски план. Тука се уште Диого Кошта, Џиџи Донарума, Мајк Мењон, Ѓорѓи Мамардашвили, Емилијано Мартинез, Грегор Кобел и Јан Зомер.