Неколку квалитетни репрезентации останаа без пласман на Европското првенство кое ќе се игра во Германија. Исто така, дел од селекторите имаа проблеми со повреди, а некои и поради лични убедувања не одбираа одредени ѕвезди.
Поради тоа, постојат некои звучни отсуства на индивидуален план. Веројатно најзвучното отсуство на турнирот ќе биде Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Манчестер Сити не успеа со својата Норвешка да се пласира на турнирот и нема да биде дел од најдобрите, а со него е и Мартин Одергард од Арсенал.
Меѓу најквалитетните кои отсуствуваат може да се споменат Куртоа на голот, Вајт, Хумелс, Алаба и Хернандез во дефанзивата, на средината се Тонали и Гави покрај Одегард, а во нападот друштво на Халанд му прават Грилиш и Гнабри. Оваа листа секако е релативна и може да се сместат други имиња, едно од нив со сигурност е Френки Де Јонг од Барселона.