73
Интересна приказна доаѓа од Германија, а поврзана со Паул Ванер – 18 годишник кој настапува во екипата на Хајденхајм како позајмен од Баерн Минхен.
Се работи за фудбалер кој беше младински репрезентативец на Германија, ама не сака да игра за сениорите. Дури, младиот Ванер го одбил повикот за ноемврискиот циклус од страна на Јулијан Нагелсман. Селекторот на Германците сакал да го вклучи младиот фудбалер во тимот за дуелите со босна и Херцеговина и Унгарија, меѓутоа тој не е отворен за такво нешто.
Причината е едноставна, Паул Ванер сака да игра за репрезентацијата на Австрија, земјата во која што е роден.
Сезонава за екипата на Хајденхајм ова младо момче на 13 натпревари постигна пет погодоци.