Еден од најдобрите стопери во историјата Серхио Рамос за две седмици ќе остане без клуб, откако му истече договорот со шпанска Севиља.
Клубот од Андалузија реши да не му го продолжи договорот на 38-годишникот кој минатото лето се врати во Севиља по 18 години. Иако зад Рамос е солидна сезона во која запиша 37 настапи, даде седум гола и запиша една асистенција, сепак тоа не беше доволно за нов договор.
Славниот стопер беше дел од Севиља од 1996 до 2005 година, кога направи трансфер во Реал Мадрид. Претходното лето се врати во Андалузија по пауза од 18 години, откако претходно мина две сезони во ПСЖ.
Рамос ќе остане запаметен по своите врвни партии во Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија за која има 180 настапи.