Во натпревар со шест голови Каљари и Милан ги поделија бодовите одигрувајќи 3:3.
Каљари ги изненади „росонерите“ со голот по само две минути игра кога Зорте ја погоди мрежата на домаќините.
Милан успеа да направи пресврт и да дојде до водство уште пред крајот на полувремето и тоа благодарение на Рафаел Леао. Првата ѕвезда на гигантот од Милано стрелаше во 15. и 40. минута.
Во финишот од првиот дел по реацкија на ВАР беше и поништен еден гол на домаќините. По само осум минути игра во вториот дел Запа погодува за израмнување.
Тами Абрахам на 20-тина минути до крајот донесе ново водство за Милан, но на крајот и тоа не беше доволно за победа на Милан бидејќи Запа во финишот го постигна својот втор гол со еден одличен волеј за конечните 3:3.