77
Жоел Матип кој во Ливерпул пристигна во 2016 година одлучи да ја заврши фудбалската кариера на 33-годишна возраст.
Минатата сезона Матип доживе тешка повреда поради која и се уште е надвор од терените, а сигурно нема да биде во плановите на тренерот Јирген Клоп.
Во таква ситуација Матип одлучи дека е време да му каже збогум на фудбалот.
Од неговото доаѓање во Ливерпул успеа да ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, додека дресот на камерунската репрезентација го носеше на 27 натпревари. Кариерата ја започна во Германија во редовите на Шалке.